1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – Евреи

3 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaqA

Во Берлин е отворен првиот образовен центар на Евреите по Втората светска војна. Во него секоја година ќе се образуваат по десет нови рабини. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер на свеченото отворање вчера посочи дека со овој образовен центар се создава нов темел за иднината на Евреите во Германија: “Мораме да бидеме благодарни што, по се‘ што се случи во минатото, Евреите се решаваат да градат сопствена иднина во Германија.“

Директорот на центарот Јехуда Тајхал, пак изјави: “Најдобриот начин да потсетиме на шесте милиони жртви е градењето нов живот за Евреите овде. Горди сме што денеска можеме да кажеме дека животот на Евреите во Германија е во подем.“