1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија делумно го отвора пазарот на работна сила

25 август 2007

На крајот од дводневното советување во дворецот Мезерберг канцеларката Ангела Меркел манифестираше задоволство од постигнатото.

https://p.dw.com/p/BXlV
Канцеларката Ангела Меркел и вице-канцеларот Франц Минтеферинг на прес-конференција по советувањетоФотографија: AP

Покрај позитивниот биланс на првите две години од работата на владата, партиите на големата коалиција се договорија за програма од 50 точки за преостанатите две години од легислативниот период. Главна насока на владината политика ќе биде натамошното зајакнување на економскиот подем:

“Сакаме да ги засилиме основите на подемот и тоа прво, за тој да биде траен, а второ за сите граѓани на оваа земја да можат да имаат удел во него.“

Еден од главните заклучопци на дводневното советување е контролиранито отоврање на пазарот на работна сила кон новите земји членки на ЕУ од Источна Европа. Пред се‘ во германската електро и машинска индустрија недостасуваат образувани кадри. Затоа владата реши да го олесни доаѓањето на инжењери од источно-европските земји и тоа веќе од 1. Ноември. До сега тие можеа да добијат вработување само ако на германскиот внатреѓен пазар на работна сила немаше соодветен пероснал.

Делумното отворање на пазарот за работна сила меѓутоа не треба да важи само за искусни инжењери:

“Ќе ја олесниме постапката и за оние кои студирале кај нас, што значи дека и тие за одреден период ќе можат да добијат шанса за вработување во германија. Но, предност има дообразувањето на оние кои веќе имаат основни квалификации“ - нагласи канцеларката Меркел.

Вице канцеларот и министер за труд Франц Минтеферинг појасни дека ќе биде подобрено доквалификувањето на невработените лица во Германија.

Отворањето на пазарот на работна сила во Германија беше до сега табу. При проширувањето на ЕУ во 2004-та владата во берлин воведе заштитни клаузули за работниците од новите членки од Источна Европа поради високата стапка на невработеност и застојот во конјунктурата. Сега ситуацијата е изменета, смета министерот за стопанство Михаел Глос:

“Не станува збор за кршење на табу. Слободното движење на работната сила инака ќе дојдеше во рамките на ЕУ. Но, нашето стопанство фала му на Бога повторно бележи стабилен подем и намалување на невработеноста...“ - оцени министерот за стопанство Михаел Глос по дводневното советување на владата.