1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија го освои првото место во групата од Купот на Конфедерации

22 јуни 2005

Германската фудбалска репрезентација уште еднаш покажа дека има тим чиј капацитет ветува светла иднина. Со синоќешниот одличен настап против Аргентина, реми од 2:2, подмладениот состав на Германија ја обезбеди лидерската позиција во Групата „А„ и се пласираше во полуфиналето на купот на конфедерациите, што се одржува во Германија

https://p.dw.com/p/Aekr
Фотографија: AP

Без Михаел Балак и новата звезда во тимот Лукас Подолски, Германија иако на двапати водеше, на крај не успеа да триумфира против тимот на гаучосите. Кевин Курањи и Гералд Асамоа на двапати во 29 и 51 минута и носеа водство на Германија, Рикелме и Камбиасо ја вратија Аргентина во игра.

„Знаевме дека овој тим и без Михаел Балак ќе одигра најдобро што може, исто како што беше и во Фебруари кога Михаел беше отсутен. Заради тоа бевме многу опуштени . Натпреварот беше можност за другите играчи да добијат шанса која ја искористија. Бевме полни со самодоверба и на крај на памет не ни беше дека нешто може да тргне надолу„ рече по натпреварот селекторот Јирген Клинсман

Битката за финалето на купот на конфедерациите Германија ќе ја води со второпласираниот од групата Б, во која Мексико веќе обебзеди пласман меѓу четирите најдобри. Бразил и Јапонија во директен дуел ќе го дадат вториот патник во полуфиналето на таканареченото мини светско првенство.