1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ги стиска палците за Макс

15 мај 2004

Ретко кога досега еден натпревар за песна на Евровизијата се очекувал со толкаво нетрпение и интерес како годинашниот – за Македонија настапува ”Тоше национале”, кој треба во најмала рака да обезбеди директен пласман за Евровизијата наредната година, а Германците сите надежи ги полагаат во Макс – апсолутен анонимус, кој со својата скромност и особен глас, во свој џеб ги стави сите симпатии и во кого сит

https://p.dw.com/p/AeVe
Макс - фаворитот на Германија на Евровизија
Макс - фаворитот на Германија на ЕвровизијаФотографија: AP

� овде гледаат можен победник.

Максимилијан Муцке е годинашниот фаворит на Германија за изборот на песна на Евровизија, зад кого како продуцент стои медиумското лице џин – Штефан Раб, еден од најголемите ентертејнери во земјата, музичар и продуцент. Макс е скромно момче од Шварцвалд, не сака гламур, се облекува сосема конвенционално и вообичаено, воопшто не е шминкер, но затоа има глас.

Песната ”Can‘t Wait Until Tonight" на Германија треба да и го донесе првото место. Така барем се надеваат матурантот Макс, продуцентот Раб и останатиот дел од 80-те милиони Германци. Сите ги стискаат палците за момчето кое конечно треба да го повтори успехот на пејачката Никол од 1982 година, која досега е единствената Германка што победила на Евровизија. ”Улогата на фаворит воопшт не ми се допаѓа” вели возбудениот Макс, кој сака да пее со затворени очи и вели дека нема да се откаже од својот имиџ на облекување, чиј составен дел, инаку, постојано се или ролки или маици, зависно од годишното време.

Макс е поддржан од телевизијата Прозибен, која вечерва организира забави на отворено во пет градови – Минхен, Шверин, Кобленц, Карлсруе и родниот град на Макс, Валдсхут-Тинген. Сите се надеваат дека од жиријата често ќе чујат – "Germany – twelve points".