1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ги враќа балканските граѓани во времето на комунизмот

Борис Георгиевски/тац/дпа22 јануари 2013

Весникот Тагесцајтунг го обвинува министерот за внатрешни работи Фридрих дека врши притисок врз Белград и Скопје да ги запираат азилантите, со што ги враќа овие земји во времето на реалсоцијализмот

https://p.dw.com/p/17Ow0
Фотографија: picture alliance/dpa

„Дали Германија го ограничува слободното патување на граѓаните од земјите кои добија визна либерализација?“, анализира весникот Тагесцајтунг. Во извештајот, весникот пренесува дека бројот на барателите на азил од Македонија и Србија во декември минатата година паднал на рекордно ниско ниво. Тоа се должи пред се’ на наредбата на министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих до своите подредени најпрво да ги обработуваат барањата на барателите од овие две земји. Притоа сите беа експресно одбиени.

Бернд Мешовиќ од организацијата Про Азил ја обвинува полицијата дека воопшто не води сметка за барањата на луѓето. „Масовните депортации говорат за бескрупулозност. Министерот за внатрешни работи наредил да се одбиваат сите“, тврди Мешовиќ. Надлежните ги отфрлаат ваквите тврдења. Во министерството за внатрешни работи тврдат дека секое барање поединечно се разгледува.

Непотребна паника

Во коментарот на оваа тема Тагесцајтунг заклучува дека Германија со нејзините политики кон азилантите од земји како Македонија и Србија, практично ги враќа нивните граѓани во времето на реалсоцијализмот.

Symbolbild deutsche Presseschau Presse
Фотографија: picture-alliance/dpa

Не минаа ни неколку недели откога политичарите на владејачката Унија создадоа паника како во периодот на 1990-ите години. Тие предупредуваа поради масовната злоупотреба на правото на азил од страна на Ромите од Србија и Македонија. Со сите сили се бореа да го заострат правото на азил: се предлагаа специјални закони за Ромите, укинување на визната либерализација за Србија, откажување на паричната помош за бегалците, се најавуваше правење листи со (не)безбедни држави чии граѓани повеќе не смееја да бараат азил, ит.н.

Но, бројките беа немилосрдни. Во 2012 година 13 илјади луѓе од Србија и Македонија побарале азил. Бројот на прифатени барања изнесуваше: 0.

Во меѓувреме бројот на азилантите од овие земји во декември минатата година драматично падна.

Случајот покажува дека Македонија и Србија, под притисок на министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, почнаа да применуваат методи од времето на реалсоцијализмот. За да ја заштитат визната либерализација овие земји воведоа ограничувања за патувањата на сопствените граѓани. Секој за кој постои сомневање дека планира да бара азил во странство се враќа од граница, со можност да го загуби и пасошот.

Bundesinnenminister Hans-Peter Friedrich
Ханс Петер ФридрихФотографија: Sean Gallup/Getty Images

До пред 20-ина години државите од Советскиот блок не им дозволуваа на своите граѓани да излегуваат од земјите. Но, кога е во прашање спречување на барањата за азил, Германија е на добар пат да го дозволи враќањето на овие времиња“, заклучува коментаторот на Тагесцајтунг.

Дијалог на глувонеми во Србија

Агенцијата ДПА објавува репортажа од југот на Србија во која се наведува дека Србите и Албанците во Прешевската долина воглавно живеат во мир, а национализмот се „увезува“.

„Иако споменикот е отстранет, судирот на властите во Белград и Албанците на југот на Србија се уште трае бидејќи се однесува на далеку подлабок проблем: разбирањето на оружениот судир од 2000. и 2001 година. За едната страна, тоа беше борба против српското угнетување, за другата страна, бунт против државата. Дури ако дојде до разговор, тоа е „дијалог на политички глувонеми“, заклучува ДПА.