Германија во полуфинале
31 јануари 2007Германскиот национален тим синоќа во Келн во извонредно возбудлив натпревар го елиминираше актуелниот светски првак репрезентацијата на Шпанија совладувајќи ја со 27:25. Германците доминираа речиси за време на целиот натпревар во кој го диктираа темпото и одржуваа постојана предност од еден или два гола.
Плејмејкерот Михаел Краус по натпреварот не можеше да ја сокрие својата голема радост:
„ 19.000 публика, вакво нешто неверојатно досега не сум доживеал. Тоа не понесе од правта минута тие стоеа пред нас дури и кога резултатот беше изедначен. Мислам дека само со нивната поддршка повторно остваривме водство. Имаме голман од светска класа, Хенинг Фриц, а во нападот ја покажавме неопходната дисциплина„
Најдобар на натпреварот со шест постигнати голови беше Торстен Јансен. Тренерот Хајнер Бранд по натпреварот изрази задоволство:
„ И Јас имам зошто да се радувам. Пред две недели не можевме да предвидиме дека ќе се најдеме во полуфиналето„ Рече Бранд и додаде:
„ Тимот сака да постигне многу и работи во таа насока, затоа и така се одвиваат работите„ рече германскиот селектор
Во останатите четфртфинални дуели: Олимписките победници Хрватска беа поразени од европскиот првак Франција со 21:18. Данска дури во продолженијата славеше против Исланд 42:41. Полска која беше во иста група со Германија во Хамбург ја совлада Русија минимално со 28:27
Инаку вчера се одиграа и неколку натпревари од фудбалската Бундеслига. Актуелниот шампион Баерн во Минхен разочара во дуелот против Бохум. Натпреварот заврши без голови. Волфсбург дома против Ајтрахт Франкфурт одигра 2:2, Штутгарт- Арминија Билефелд 3:2, Борусија Менхенгладбах Нирнберг 0:0