1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – буџетски суфицит

23 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXC8

Германскиот државен буџет во првото полугодие на оваа година го заврши со позитивно салдо. Според извештајот на Сојузниот завод за статистика, сојузот, покраините и заедниците, како и социјалните осигурувања, за првпат од повторното обединување на земјата, имаат суфицит од милијарда и 200 милиони евра. За позитивниот развој најмногу придонесе порастот на приходите, со истовремено умерените трошоци. Сепак, сојузната влада предупреди да не се преценуваат бројките, зашто оваа година и натаму се смета дека ќе заврши со дефицит.