1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија бара приправници од Јужна Европа

Лаура Дајнг / Габи Ројхер / Александар Методијев3 септември 2013

Дома нема работа, а во Германија има недостаток на квалификувани работници. Со програмата „Работата на мојот живот“ таа состојба треба да се промени.

https://p.dw.com/p/19aHX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Неискусниот Бајрон Хавиер Сигча Патанго лепи плочки на ѕид во една зграда во Клеве. „Не ми е тешко да работам овде“, вели тој на шпански јазик, бидејќи германскиот се’ уште не го зборува добро. Бајрон всушност почнал да студира градежништво во Шпанија. Но, потоа тој ги прекинал студиите и работел различни работи, на пример во кол-центар.

Бајрон е еден од неколкуте стотини млади луѓе кои германската влада сака да ги донесе во Германија како приправници преку програмата „Работата на мојот живот“ (http://www.thejobofmylife.de/de/). Од февруари оваа година на тој начин доаѓаат младите од земјите во ЕУ, кои финансиски не стојат најдобро. Тие можат да бидат практиканти на едно од 350-те празни работни места. Проектот е дел од иницијативата за јакнење на работната мобилност на младите луѓе, како и на невработените млади професионалци од Европа (http://www.make-it-in-germany.com), или скратено „МобиПро-ЕУ“.

Pflege in Deutschland
Се бараат и негуватели на стари лицаФотографија: picture-alliance/dpa

Околу 140 милиони евра за европската работна мобилност

Се’ заедно, на сојузната германска влада за оваа програма на располагање и’ стојат околу 140 милиони евра. И Бајрон добива финансиска поддршка. Меѓу другото, тој бесплатно полага тест за германски јазик во еден центар за странски јазици, платени му се патните трошоци за да дојде на разговор за работа, како и трошоците за живот за време на практикантскиот стаж.

Тие коишто сакаат да учествуваат во програмата мораат да бидат на возраст меѓу 18 и 35 години. Потребна е диплома од средно училиште од татковината, како и право на слободно движење низ ЕУ. Освен тоа, важно е заинтересираните лица да немаат направено некоја обука во својата земја.

Screenshot Bundesagentur für Arbeit the job of my life Initiative Förderung berufliche Mobilität Ausbildung Jugend Deutschland
Насловната страница на проектот „Работата на мојот живот“Фотографија: Bundesagentur für Arbeit

Пред почетокот на обуката, на младите им се нуди пракса, која Бајрон во моментов ја работи, за потоа да може да одлучи дали струката, во случајов керамичар, е вистинска за него.

Контроверзна програма

Владата не ја нуди оваа можност замо затоа што е подготвена да и’ помогне на Европа. Во Германија недостасуваат квалификувани кандидати за многу работни позиции.

„Недостасуваат квалификувани лица за поправка на уреди за разладување, лица за нега на стари и болни луѓе, водоинсталатери, инженери и мехатроничари“, вели Сизане Ајкемајер од Сојузната агенција за вработување. Се бараат дури и работници во ресторани.

Со стапка на невработеност од 7,6 проценти Германија, споредено со други земји од ЕУ, добро се држи. Така мисли и Бајрон. Според истражувањето на ЕВРОСТАТ, во Шпанија во јуни половина од лицата помлади од 25 години биле без работа. Во Грција тој број е уште поголем – изнесува 58,7 проценти.

Затоа се чини дека е логично да се регрутираат приправници од земји во кои невработеноста е голема, за да им се даде можност да работат таму каде што се бараат такви експерти. Но, вработувањето на квалификувани лица и практиканти од странство е спорна тема во Германија. Синдикатите стравуваат дека така својата шанса би ја пропуштиле многу германски млади луѓе кои бараат обука, но не се доволно квалификувани. Доминик Цилер, експерт за миграции, смета дека е нужно вработувањето на странските стручни кадри и приправници, ако се сака да се одржи стандардот.

Handwerk und Handel werben um Lehrlinge
Младите по праксата можат да останат да работат во компанијата во која се обучувалеФотографија: picture-alliance/dpa

„До 2025 година ќе загубиме шест милиони луѓе повеќе на пазарот, отколку што ќе добиеме“, вели Цилер. Дури и да се земат предвид сите потенцијални кандидати внатре во Германија, сепак би биле потребни уште 300 до 400 илјади имигранти, смета експертот Цилер.

Минатата година во Германија останале повеќе од 33 илјади празни места за практиканти. Причината од една страна е ниската стапка на наталитет во Германија, а од друга страна се способностите кои компаниите ги очекуваат од кандидатите при вработувањето.