1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германец ќе го спасува Блекбери

25 јануари 2012

Канадската фирма РИМ со Блекбери стана пионер на сите сматрфони. Но, понудувачи како Епл се‘ повеќе го „туркаат“ производителот на Белкбери од пазарот. Сега Германец треба да го запре надолниот тренд.

https://p.dw.com/p/13pSX
Фотографија: Reuters

Последниот обид на претпријатието РИМ (Research in Motion) да ги освои купувачите беше со новиот таблет-компјутер. Плејбук требаше да го засени Ајпед на Епл. Но, успехот изостана, исто како и кај другите понови модели на Блекбери.

Во третиот квартал од минатата година уделот на пазарот на Блекбери се намали на 11 проценти. Ајфоните на Епл, со систем Ајос, со 15 проценти останаа на релативно стабилна позиција. Смартфоните на Нокија имаа удел на пазарот од 17 проценти. Најголем скок забележа Андроид-системот на Гугл. Повеќе од секој втор продаден смартфон имал таков систем, меѓу нив и телефони на производители како ХТЦ, Самсунг и Моторола.

Thorsten Heins BlackBerry
Торстен ХајнсФотографија: Reuters

Сега Блекбери треба да биде спасен од германскиот инженер Торстен Хајнс. Поранешниот менаџер на Сименс веќе четири години работи во РИМ, која има седиште во канадски Ватерло. Познавачите на браншата го критикуваат токму тоа - според нивно мислење, за да се запре надолниот тренд кај некогашниот производител-пионер, потребен е човек што доаѓа од надвор и кој има свежи идеи.

Прилогот можете да го погледнете како Видео на денот!

Автор: Николас Мартин / Е.М.Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

.