Германец обвинет за 37 случаи на подметнување пожар во Лос Анџелес
5 јануари 2012Германецот Хари Буркарт се товари за 28 подметнувања на пожар во ненаселени локации и 9 случаи на подметнување пожар во населени објекти, соопштија властите по првото судско сослушување. 24-годишното момче е осомничено за подметнување на повеќе од 50 пожари, во кои биле предизвикани штети во вредност од повеќе од 3 милиони долари. Се претпоставува дека обвинетиот ги извршил делата за да го искаже својот гнев против американските служби за доселување. Младиот Германец беше уапсен во понеделникот и оттогаш наваму одбива да соработува со истрагата. Серијата од пожари предизвика голема вознемиреност во Лос Анџелес и пред се’ во Холивуд во пресрет на Новата година и непосредно потоа.
Автор: СН/ ЕМФ/ дпа/ дапд/ афп
Редактор: Александра Трајковска