Георгиевски останува претседател на Собранието
1 септември 2007Реклама
До доцна синоќа пратениците во македонскиот Парламент расправаа за интерпелација на претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Иницијативата не е прифатена.
Против интерпелацијата гласаа 63 пратеници, а за иницијативата на Либерал - демократите беа 24 пратеници. – Во текот на седницата пратениците од опозицијата упатија забелешки до претседателот на Собранието Георгиевски дека постоело кршење на Деловникот и Уставот, спуштање на нивото и нефункционлан работа на законодавниот дом, како и доминација на Владата во Парламентот. Пратениците од власта оценија дека станува збор за непотребно губење време и партиски маркетинг на опозицијата.