1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ген - технички изменета храна на пазарите во Германија

13 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeSI
Министерката за земјоделство и заштита на потроувачите Ренате Кинаст не е пријателка на ген техниката. Но во април на сила стапува законот на ЕУ, со кој се дозволува одгледување на ген манипулирани растенија. Министерката мора да се сврти кон реалноста - од понеделникот во Германија е дозволен пласман на ген - храна. Јенс Турау известува од Берлин:

Во април производите кои ќе бидат ген - технички променети ќе бидат и означени. Експертите очекуваат во летните месеци ЕУ да одобри нова сорта на пченка, која веќе во септември ќе се најде во супермаркетите. Токму поради ова министерката за земјоделство Кинаст ја препознава моќта на фактите и во фебруари во кабинетот на канцеларот ќе приложи закон за одгледување на генетски промената храна. Особена вредност политичарката на зелените и' придава на заштитата на земјоделците кои и понаму сакаат да работат со природни семиња. Кинаст истакнува:

" Овој нацрт е голем успех за потрошувачите, но и за земјоделците, бидејќи и на двете страни им овозможува слобода на избор. Многу сум радосна, што можеме да го приложиме овој нацрт во кабинетот. "

Законот осигурува право на гаранција за земјоделците кои и понатаму сакаат да одгледуваат прехрамбени производи на природен начин и кои може да бидат оштетени од несакани вркстувања како на пример преку пренесувањето на поленот. Треба да постои и одредба која ќе го регулира најмалото дозволено растојание меѓу полињата.

Здруженијата за заштита на животната средина сепак не се задоволни. Хајке Молденхауер, соработничка на Сојузот за заштита на природата и животната средина вели:

"Она од што стравуваме е дека на подолг рок ќе постои само изборот меѓу помалку или повеќе ген - технички контаминирани прехрамбени производи."

Од друга страна опозицијата критикува дека министерката се обидува да го блокира истражувањето и одгледувањето на ген - изменети растенија. Но, претседателот на земјоделците Герт Зонлајтнер навести дека во основа се сложува со критиката на минситерката што се однесува на ген - технички манипулираните прехрамбени производи.

Потрошувачите во иднина на пакувањата на прехрамбениот производ ќе имаат на располагање упатства, на кои ќе стои дали е произведен со помош на ген - техника или не. Тогаш пазарот ќе определи дали ваквите производи воопшто имаат шанса во Германија.