1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генијалец зад камерата

5 август 2010

Славниот камерман Михаил Балхаус, кој работи со главните холивудски режисери, денеска (05.08) полни 75 години. Неговиот германски акцент, не му беше пречка во Холивуд.

https://p.dw.com/p/OcbN
Михаел БалхаусФотографија: AP

Познатиот американски режисер Мартин Скорсезе плачеше од среќа кога во 2007 година конечно ја држеше златната статуетка во свои раце, за филмот „Двојна игра“. Но, и во тие моменти на возбуда не заборави да му се заблагодари на генијалецот позади филмовите како „Таксист“ или „Добри момчиња“, неговиот долгогодишен камерман Михаил Балхаус. Тој исто така не му остана должен, уште при снимањето на филмот, подоцна носител на оскар, Балхаус во едно интервју ќе рече: „Што и да сака да снима Скорзесе, јас ќе учествувам. Тој ми е омилен режисер.“

Martin Scorsese
Мартин Скорсезе му се заблагодари на Балхаус кога го доби ОскаротФотографија: AP

Славниот камерман, коj ги претвори во слика идеите на славните холивудски режисери, денеска полни 75 години. Неговиот германски акцент, не му беше пречка во Холивуд. 25 години Балхаус живееше и работеше во Њујорк и Лос Анџелес со славните лица од светот на филмот. И самиот ѕвезда, но зад камерите стана уште од 70-те години на минатиот век во Германија, кога со режисерот Рајнер Вернер Фасбиндер сними 16 филмови.

Балхаус работи како доцент на Германската академија за филм и телевизија во Берлин. Занаетот им го предава на студентите по филм во Хамбург и Минхен и неговата уметност ја става во служба на заштита на природата. „Снимам кратки спотови од 60 секунди, за да покажам дека не смееме да се однесуваме кон ресурсите онака, како што досега правиме“, рече неодамна познатиот камерман Михаел Балхаус, кој денеска го прославува својот роденден.

Автор: АТ/СН/ дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска