Г.Г. Стефан : да се чува верата и црквата
8 април 2007Поглаварот на Македонската православна, Г.Г. Стефан во сосборниот храм Св. Климент во Скопје ќе ја служи велигденската богослужба. Тој во неговата велигденска порака претходно порача “да се чува верата и црквата за да се зачува и државата и древната македонска црква”. Г.Г. Стефан во интервју за “Дневник" изјави дека православната охридска архиепископија на чие чело е Јован, не може да ги загрози интересите на македонската црква. За македонскиот владика, либерализација на законот за верско здружување, што го бара ЕУ, не е добар.
“Ако членството на Македонија зависи од тој закон, тогаш е подобро земјата да не влегува во Унијата, бидејќи таков лош закон нема никаде да не однесе”, оценува Г.Г. Стефан.
Со таков закон црквата на Јован би се легализирала.