Г.Г. Стефан : да се чува верата и црквата
8 април 2007Реклама
Поглаварот на Македонската православна, Г.Г. Стефан во сосборниот храм Св. Климент во Скопје денеска ја служеше велигденската богослужба. Тој во неговата велигденска порака претходно порача “да се чува верата и црквата за да се зачува и државата и древната македонска црква”. Г.Г. Стефан во интервју за “Дневник” изјави дека православната охридска архиепископија на чие чело е Јован, не може да ги загрози интересите на македонската црква.