Гватемала – трговија со деца
13 јуни 2007Реклама
ОН побараа од Гватемала веданш да ги запре сите адопции, за да се спречи продажбата на деца на странци. Младите мајки во Гватемала ги даваат своите новороденчиња на адопција за соодветен износ пари, изјави пратеникот на ОН, Роза Мариа Ортиз. Потоа бебињата им се продаваат на американски граѓани за цена до 40 илјади долари. Гватемала го потпиша Договорот за адопција, минатата година во Ден Хаг, но конвенцијата стапува во сила дури на крајот на годинава.