1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гајнтер на средба со Шојбле

АТ/ дпа/ афп30 јули 2012

Американскиот министер за финансии Гајтнер денеска се сретна со неговиот германски колега Шојбле, кој во моментов е на годишен одмор на островот Зилт.

https://p.dw.com/p/15giP
Фотографија: Reuters

Министерот за финансии на САД Тимоти Гајтнер со неговиот германски колега денеска разговараше за европската должничка криза. Според новинарите, во Вашингтон постои несигурност во однос на германскиот курс во кризата.

Портпаролка на министерот Шојбле оцени дека речиси едно часовниот разговор не е невообичаена средба. При неформалните советувања се разговарало за актуелни теми и прашања. По средбата со Шојбле, Гајтнер треба да се сретне и со раководството на Европската централна банка во Франкфурт на Мајна. САД веќе со месеци од земјите на еврото бараат да бидат преземени одлучни чекори против должничката криза.

Американците не се единствени кои го критикуваат германскиот став. Шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер во весникот „Зиддојче цајтунг“ предупреди од распад на монетарната унија и опомена да бидат донесени брзи одлуки. Германија си дозволувала „луксуз, со тоа што од прашањето за еврото постојано прави внатрешно-политичко прашање“, критикуваше Јункер. На пример високи политичари пледираа исклучување на Грција од еврозоната, без притоа да се сочека извештајот на тројката.

АТ/ дпа/ афп