1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаспром станува спонзор на Шалке 04

11 октомври 2006

Енергетскиот гигант кој е контролиран од официјален Кремљво наредните пет години ќе вбризга најмалку 66 милиони евра во фудбалскиот клуб , кои можат да станат и 100 милиони во случај , Шалке да ја освои титулата- велат проценките

https://p.dw.com/p/Aeha
Договорот е склучен
Договорот е склученФотографија: AP

Тешките времиња во Шалке се пред крај . Гаспром има доволно пари во касата . Русите не си дозволуваат да стравуваат поради долговите на Шалке 120 милиони евра . На задоволство на тренерот на екипата на Шалке , Мирко Сломка :

„Се радувам за тимот , што му успеа една таква работа , да се соработува со силна фрима , со еден толку голем спонзор “

Енергетскиот гигант кој е контролиран од официјален Кремљво наредните пет години ќе вбризга најмалку 66 милиони евра во фудбалскиот клуб , кои можат да станат и 100 милиони во случај , Шалке да ја освои титулата- велат проценките

Но точните бројки ги знаат само непосредните учесници. Гаспром пак сака со рекламата на фирмата , која ќе стои на сино-белите дресови на Шалке , да им се доближи на германските потрошувачи. Клеменс Тенис претседателот со Надзорниот одбор во Шалке 04 порача:

„ Гаспром добива маркетинг платформа во Германија , која долго ја бараше , за влегување во германско претпријатие . Ние сме многу задоволни , бидејќи ова ќе го донесе Шалке во една многу комфорна позиција и ќе се погрижи за тоа , да играме добар фудбал како на меѓународно ниво така и во Бундеслигата“

Згора на тоа доаѓа и соработката со рускиот клуб Зенит од Санкт Петерсбург . Три третини од него истотака се во сопственост на најголемиот понудувач на земјен гас во светот , а Зенит е омилената екипа на рускиот претседател Владимир Путин.