1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гасот од Јужен поток ќе потече кон Македонија

БГ/миа5 јули 2013

Владата на Руската Федерација го одобри договорот со Владата на Република Македонија за изградба на крак од гасоводот Јужен поток за снабдување на земјата со гас, објави прес- службата на руската Влада.

https://p.dw.com/p/192lF
Фотографија: Fotolia

Според документот, во случај на потврдување на можноста за изградба врз база на заемните анализи, Газпром и ЈП Македонски енергетски ресурси - МЕР ќе формираат заедничка компанија за проектот за изградба на крак од гасоводот со удел од по 50 проценти. Се остава можност во иднина да се вклучат и други акционери. Рутата на кракот од гасоводот и неговиот капацитет ќе се одредат по деталните анализи. Вредноста, условите и роковите за снабдување со природен гас за Република Македонија ќе бидат утврдени со договорот меѓу Газпром и МЕР. Правото да ги користи сите капацитети на гас му припаѓаат на Газпром.

Договорот ја обврзува македонската страна да не воведува рестрикции на руските инвестиции во Република Македонија предвидени со договорот, како и да и обезбеди на компанијата повластен царински и даночен режим.

Јужен поток почна да се гради на 7. декември минатата година. Првите колични гас кон Источна и Централна Европа треба да потечат во 2015. Капацитет на гасоводот е 63 милијарди метри кубни гас, со што ќе се задоволуваат 14 проценти од потребите на Европа. Во проектот Јужен поток учествуваат руски Газпром со 50 отсто, италијанската ЕНИ со 20 и германскиот Винтершал Холдинг и францускиот ЕДФ со по 15 отсто.