1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гарда на границата со Мексико

16 мај 2006

Веќе со недели темата ичегалчно доселување повторно е на насловните страници во САД. Вчера претседателот Џорџ Буш најави двојна стратегија: на илегалните доселеници треба да им се олесни интеграцијата и ќе добијат можност да бараат американско државјанство.

https://p.dw.com/p/Ae1g

Истовремено, меѓутоа, границата кон Мексико дополнително треба да ја штити националната гарда,зашто граничарите имаат големи проблеми да го спречат илегалното доселување:

Трева, прашина, ниски џбунови и – ограда: на околу три милји се протега пет метри висока пречка што ја конторлираат американските војници. Р’ѓосани железни шипки, и масивни метални плочи:

„Оградата е одлична„ вели Кони Фуст која инаку нема ниту еден добар збор за американската влада. Таа и припаѓа на групата граѓани кои самите се грижат за заштита на границата. Поставуват стражи, посматраат и ја алармираат полицијата кога ќе се појават илегални доселиници:

„Имаме опрема за посматрање ноќе и топлински сензори. Имаат дострел од половина милја. Така можеме да откриеме луѓе во пустината, да процениме каде ќе ја минат границата и потоа да ја повикаме полицијата. Тоа одлично функционира„.

Меѓутоа, доселениците сепак минуваат. Ползат или трчаат 15 или 20 Мексиканци и влегуваат во САД. Така направи и Серџо. Завршил соновно училиште, работел во фабрика за шекер околу три години и потоа решил:„Заминувам за Америка„. Роднина што живее во Америка му понудил помош. Серџо патувал три дена од Табаско во Мексико до американската граница. Таму го чекал шефот на една банда за префрлување и, се разбира, барала пари. Серџо раскажува:

„Ја минав границата за што платив илјада и 500 долари. Одевме пеш, потоа сретнавме еден Американец што не водеше до Туксон„.

Кога дошол таму повторно му помогнал роднината во барањето работа. Во меѓувреме Серџо веќе три години живее во Туксон. Но, сонот за животот во Америка стана мака:

„Животот овде воопшто не ми се допаѓа. Постојано сум под притисок. Не можам да се шетам навечер, зашто немам документи. Полицијата е постојано присутна и во секој миг може да ме фати. Размислувам да заминам за Њујорк и таму да работам„.

Во Америка во моментов без важечки документи живеат повеќе од 11 милиони доселеници. Многумина Американци имаат чувство дека на нивно тло се раѓа „мало Мексико„, а во тоа лежи и експлозив. Толку многу што претседателот Буш ќе ја ангажира националната гарда.