Гамбари на азиска турнеја
15 октомври 2007Реклама
Претставникот на ОН, Ибрахим Гамбари на почетокот на азиската турнеја ги повика воените власти во Мијанмар, поранешна Бурма, да престанат со апсење на дисидентите во земјата. Гамбари од името на ОН побара ослободување на досегашните политички затвореници. Гамбари кој е во Тајланд, потоа патува за Индија и Кина. Овие земји се најголемите трговски партнери на Мијанмар и се противеа на воведување санкции планирани заради грубото гушење на антивладините демонстрации минатиот месец. И покрај апелите на меѓународната заедница, воените власти во Мијанмар го зголемија притисокот во земјата.