1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гадафи се заканува со „долга војна“

20 март 2011

Франција, Велика Британија и САД со борбени авиони и воени бродови ја нападнаа Либија, со цел да го заштитат цивилното население од режимот на Моамер ел Гадафи. Воената интервенција е овозможена со резолуција на ОН.

https://p.dw.com/p/10cyS
Фотографија: AP

Американската војска денеска ги продолжи нападите врз позиции во Либија. Вкупно 19 воени ловци бомбардираа цели во северноафриканската земја, соопшти портпаролот на војската, Кенет Фидлер. Тој дополни дека американски воени бродови и британска подморница во Средоземното Море уште вчера испукаа 124 ракети кон либиско тло. Освен бродовите, на почетокот на меѓународната интервенција против Либија во нападите беа вклучени и француски и британски воени авиони. Командантот во американската армија Мајк Мулен, во интервју за американската телевизија ЕјБиСи, оцени дека првата фаза од воената интервенција била успешна. Во меѓувреме францускиот носач на авиони Шарл де Гол од пристаништетот во Тулон се упати кон Либија. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе повтори дека нападите ќе продолжат се` додека Гадафи целосно ја прифати резолуцијата на ОН и не применува никакво насилство врз неговиот народ. За француската телевизија, шефот на дипломатијата Жипе изјави дека не е планирана интервенција со копнени трупи.

Од таква акција се оградуваат и САД. Претседателот Барак Обама откако издаде наредба за учество на американската армија во „ограничена воена операција во Либија“ нагласи: „САД ќе помогнат на почетокот на мисијата да се воспостави зона за забрана на летови, која потоа ќе ја контролираат нашите партнери. Сакам уште еднаш да нагласам : нема да испратиме, повторувам, нема да испратиме американски копнени сили во Либија.“

NO FLASH Angriffe auf Libyen haben begonnen
Фотографија: AP

По заканите од Гадафи, дека ќе го претвори Средоземното Море во бојно поле, во зголемена готовност е и Италија, чии воени бази претставуваат поддршка за сојузничките трупи. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони меѓутоа проценува дека опасноста од заканите е мала: „Италијанските сили за безбедност темелно го проверија потенцијалот на либискиот воен арсенал и дојдоа до заклучок дека Либија во моментов не поседува оружје, кое може да ја погоди Италија.“

По масовните напади, Гадафи се закани со одмазда „Подготвни сме за долга војна. Ќе ве победиме“, рече Гадафи во телевизиското обраќање. Од Либија инаку пристигнунуваат информации за повеќемина жртви по воздушните напади на коалиционите сили. Претпладнево државната телвизија обајви дека во нападите биле убиени 48 лица, а 150 повредени. Мухамед аз Зави, генералниот секретар на либиското народно собрание изјави: „Тврдењето дека овој непријателски напад треба да ги штити цивилите, се негира со тоа што вечерва се случи кај нас. Повредени се многу цивили, болниците се преполни, спасувачките екипи се постојано на терен. Нема извинување за овој варварски напад.“

Нападите врз Либија почнаа паралелено со оддржувањето на вонредната седница на маѓународната заедница вчера во Париз. Русија и Кина изразија жалење за воената интервенција. Од Пекинг се вели дека Кина секогаш е против употреба на насилство во меѓународните односи. Министерството за надворешни работи во Москва повика на брзо прекинување на крвопролевањето и почеток на дијалог.

Автор: КБ/ ТК/ ЕЗ/ АТ/ ТТ/ дпа/ афп

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема