Гадафи: „Не ја напуштам Либија“
8 септември 2011За затворање на границата недостигаат стредства, изјави министерот за надворешни работи на Нигер, Мохамед Базум.
Досега Гадафи не ја минал границата, ниту побарал дозвола за влез во Нигер, вели министерот, изразувајќи надеж дека Гадафи нема да дојде во неговата земја. Приврзаниците на Гадафи кои со либиски конвој пристигнаа во главниот град на Нигер можат слободно да одлучат дали ќе продолжат натаму, или ќе останат во земјата, изјави Базум. Претходно, американската влада ги предупреди соседните земји на Либија, особено Нигер, да не го примаат Гадафи.
Самиот Гадафи, во порака емитувана денеска на телевизијата Ал Раи ТВ, вели дека информациите дека побегнал во Нигер не се точни. Лице, кое би можело да биде Гадафи, во пораката тврди дека „никогаш нема да ја напушти земјата на своите предци“. Бунтовниците, во пораката, се наречени „куп платеници, злосторници и предавници“. „Подготвени сме на борба за Триполи и секое друго место“, тврди тој.
Автор: ЕМФ/ЖА/дв
Редактор: Симе Недевски