1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ: Србија е пред банкрот

ЕМФ/бета6 октомври 2013

Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ изјави дека Србија е пред банкрот во вистинска смисла на зборот и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки.

https://p.dw.com/p/19uQL
Фотографија: picture alliance / dpa

За надминување на економската криза, според вицепремиерот Александар Вучиќ, нема да да се посегнува по популистички мерки:

„Капитализмот значи дека не е работа на државата да наоѓа работа, туку тоа да не му го спречи на оној кој може да најде работа. Нема никому ништо да мачкаме на леб, тоа е работа на секого поединечно, а наше е да не ја укинуваме можноста за лебот и џемот да може да се дофатат на полицата“, рече Вучиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека во Србија не постои одговорност кон земјата, државата и народот. „Не, постои само ’да не работам ништо и не ми чепкај во стекнатите права’“, нагласи Вучиќ.

Пред два дена (04.10.), членот на претседателството на Демократската партија, Борислав Стефановиќ, изјави дека власта во Србија ќе распише вонредни избори затоа што не знае што да прави со економијата и стопанството. Според него, изборите зависат од Вучиќ и неговите можности да ги реши „огромните пукнатини во владејачката коалиција“.

„Тој има концептуален судир со Ивица Дачиќ, кој не сака избори и се плаши од тоа како ѓавол од крст, а од друга страна парламентарни избори не сака ниту претседателот на Србија Томислав Николиќ“, рече Стефановиќ за агенцијата Бета.