1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ: Спогодбата е единствениот начин за опстанок на Србија

БГ/бета/миа13 мај 2013

Српскиот вицепремиер им порача на Србите на Косово дека единствен начин за опстанок на нивната држава е прифаќање на бриселскиот договор за односите со Приштина.

https://p.dw.com/p/18WdW
Фотографија: picture alliance / dpa

Првиот заменик-претседател на српската Влада Александар Вучиќ синоќа (12.05) порача дека Србија не смее повеќе да се движи кон порази и дека српскиот народ на Косово има една Влада и една држава.

Обраќајќи им се на советниците на четири општини во северно Косово, заменик- премиерот истакна дека бриселската спогодба меѓу Белград и Приштина е најпаметниот начин за спречување на создавање на голема Албанија. Тој додаде дека гарант за спроведување на спогодбата е Европската унија и повтори дека Србија нема никогаш да ја признае независноста на Косово. „Би можел да наведам многу причини против спогодбата, но постои една важна и голема причина за спогодбата, а тоа дека таа е единствениот начин Србија да опстане, да постои и да останеме обединети во решавање на прашањата за нашата иднина“, изјави Вучиќ по состанокот во Косовска Митровица.

По синоќешниот состанок не беше постигнат договор со претставниците на српските општини во Косово околу нивното (не)прифаќање на бриселскиот договор, но Вучиќ изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро.

„Уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик“, рече Вучиќ, најавувајќи дека во текот на неделава ќе се одржат нови состаноци со српските претставници.