1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вулф заминува со почесна церемонија

8 март 2012

Денеска со свечена церемонија од функцијата ќе биде испратен претседателот Кристијан Вулф. Јавноста е поделена околу оправданоста на церемонијата, поради околностите под кои тој поднесе оставка.

https://p.dw.com/p/14H05
Фотографија: Reuters

Три недели по неговата оставка, поранешниот претседател Кристијан Вулф денеска (08.03) во Берлин ќе биде испратен од функцијата со воени почести. На манифестацијата се поканети 200 гости, меѓу нив канцеларката Меркел и членови на нејзиниот кабинет.

Водечките политичари од редовите на опозицијата, како и сите поранешни претседатели на Германија, нема да присуствуваат на церемонијата. Премиерот на Северна Рајна Вестфалија Ханелоре Крафт од редовите на социјалдемократите повторно го критикуваше екс-претседателот Вулф поради тоа што ја прифатил почесната манифестација за испраќање од функцијата, која ја одржува Бундесверот.

Доколку се откажеше, Вулф ќе си отвореше врати кои сега за него биле затворени, изјави заменик претседателот на СПД Крафт за „Утринскиот магазин“ на телевизијата ЗДФ. Крафт истовремено оцени дека обвинувањата против поранешниот претседател нанесле штетеа врз целата политика.

Кристијан Вулф поднесе оставка на 17 февруари, откако државното обвинителство од Хановер побара да се укине имунитетот на претседателот, бидејќи има намера да отвори истрага околу обвинувањата за користње и давање на услуги.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ дапд

Редактор: Е. М. Фиданоска