Втор судски процес поради аферата „Ватиликс“
5 ноември 2012Клаудио Шарпелети се товари за пружање помош на батлерот на папата Паоло Габриеле, кој украл доверливи документи. Шарпелети е соочен со затворска казна во траење до една година. Во Рим се смета дека судскиот процес ќе биде краток. Четириесет и осум годишниот програмер во ватиканскиот Државен секретаријат во текот на истрагата самиот се заплетка во противречни изјави околу блискоста со батлерот на папата. На неговата работна маса луѓето од истрагата најдоа плик со документи од папата на којшто пишуваше „П. Габриеле лично“.
Инаку, Паоло Габриеле е веќе осуден на 18 месеци затвор поради тешка кражба. Тој во текот на судскиот процес призна дека украл тајни документи од папата, дека истите ги копирал и му ги дал на италијански новинар. И покрај шпекулациите кои се појавија во медиумите, судиите дојдоа до заклучок дека Габриеле не е дел од заговор.