Втор случај на шап и лигавка во Велика Британија
7 август 2007Реклама
Втор случај на шап и лигавка е регистриран на фарма во јужна Англија. Според ветеринарните служби, фармата се наоѓа во близина на поседот каде првпат се појави вирусот. Таму претходно превентивно беа убиени повеќе од 50 животни. Британските експерти се уште го испитуваат изворот на заразата. Две лаборатории се под сомнение дека вирусот потекнува од кај нив. Европската Комисија веќе воведе забрана за извоз на животни, млеко и месни производи од Велика Британија.