Втор круг парламентарни избори во Франција
17 јуни 2007Реклама
Денеска во Франција се одржува вториот круг парламентарни избори. Французите треба да ги изберат преостанатите 467 од вкупно 577 пратеници. Анкетите покажуваат дека мнозинство ќе освои партијата на конзервативниот претседател Никола Саркози. Од досега освоените 110 места во првиот круг, опозиционите социјалисти добија само едно место.