1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втората жена на Гаук

Кај Александер Шолц/ Александра Трајковска13 јули 2012

Германскиот претседател Јоахим Гаук за кратко време си направи име. Тој се меша во дебатите и јавно го кажува своето мислење. Сега е познато кој ќе биде неговиот портпарол.

https://p.dw.com/p/15XG6
Фотографија: picture-alliance/Sven Simon

Вообичаено портпаролите, поради природата на функцијата, се интересни за печатот и медиумите. Нивната биографија и личност не се во преден план. Впрочем нивна задача е да и служат на функцијата. Меѓутоа оваа слика се смени, по аферата со екс претседателот Кристијан Вулф, која не го потресе само претседателскиот кабинет. Прва жртва на поранешниот претседател Вулф беше неговиот дологогдишен портпарол Олаф Глезекер. За него се вели дека имал големо влијание врз Вулф - Глезекер не беше само портпарол туку и советник за имиџот на Вулф.

Иако новиот претседаетел Јоахим Гаук, по возраста, искуството и својот начин е сосема поинаков човек од Кристијан Вулф, се чини дека и тој се одлучил, да прима совети за својот имиџ од најблиското опкружување. Имено на негова страна од 1. септември ќе стои жена, која не е навикната само да дава формални соопштенија.

Empfang Bartoszewski bei Gauck
Фотографија: DW

Познавач на медиумите со миграциско потекло

Фердос Форудастан е актрактивна жена со странско потекло. Мајка и е германски очен лекар, а татко и, роден во Иран, е ортопед. Односите од родителскиот дом се покажуваат во нејзината образовна кариера. Основно училиште посетуваше во Швајцарија, гимназија во Иран, а матура полагаше во Германија. Потоа студираше политички студии и правни науки.

Таа е искусна новинарка и авторка, која се прослави со силни коментари во кои го изразува своето мислење. Во периодот на германското обединување Фердос Форудастан работеше како дописник од тогашниот главен град Бон за весниците од левиот политички спектар. Тука се прослави со т.н. теми за миграцијата, кои во 90-тите години добиваа голем простор во германските медиуми. За тоа напиша повеќе книги и се ангажираше за обука на новинари од доселеничките семејства. 

Смена на страните

Германскиот претседател знае дека темите доселување и миграција во Германија не само што се’ уште се многу спорни, туку во време на се’ поголем недостиг на стручна работна сила имаат и економско значење. Тој лично како поранешен свештеник во поранешната ГДР и подоцна како борец за човековите права има малку искуство со миграцијата. Неговиот претходник стана славен со изјавата дека исламот припаѓа кон Германија. Кога Гаук се обиде вербално да го намали влијанието на зборовите, беше изложен на критика во медиумите. Со мигрантката за пример и муслиманка Фердос Форудастан ваква грешка повеќе нема да му се случи.

Фердос Форудастан го познава односот меѓу политиката и медиумите и од приватнот живот. Нејзиниот сопруг Михаел Веспер е поранешен заменик премиер и член на партијата на Зелените, а во меѓувреме генерален директор на Германскиот олимписки спорски сојуз. Заедно имат три деца и досега живеат во Келн.

Ferdos Forudastan Pressesprecherin Gauck mit Ehemann Michael Vesper
Фердос Форудастан со сопруг Михаел ВесперФотографија: picture-alliance/dpa

Иако во Германија во моментов многу се пишува за личноста Фердос Форудастан, на официјалната страница на претседателот "bundespraesident.de" засега нема многу информации за тоа. На страницата меѓутоа се наоѓаат информации за неговата животна придружничка Даниела Шат. И таа како Фердос Форудастан е новинарка и исто така е родена 1960 година. На овој начин претседателот Гаук има две силни жени на своја страна - и една особено силна жена спроти, во канцеларскиот кабинет.