1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Време е за нов Блиски Исток

25 јули 2006

Меѓународните напори за постигнување примирје и смирување на кризата на Блискиот Исток се интензивираат од ден во ден. Во нив е вклучена и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс која веќе втор ден е во регионот

https://p.dw.com/p/Ac4h
Олмерт и Рајс на средбата во Ерусалим
Олмерт и Рајс на средбата во ЕрусалимФотографија: AP

Tаа денеска во Ерусалим нагласи дека се залага за трајно решение на кризата со кое ќе се зајакнат силите на мирот и демократијата на Блискиот Исток. Сепак САД и натаму и даваат подршка на израелската воена пресметка со Хезболах .

Време е за нов Блиски Исток, време е да им кажеме на сите оние кои не го сакаат овој поинаков Блиски Исток дека ние ќе победиме а не тие –порача американската министерка за надворешни работи денеска во Ерусалим каде што се сретна со израелскиот премиер Ехуд Олмерт .

Оваа порака на Рајс уште еднаш јасно го оцрта непроменетиот американски став за подршка на Израел во одбраната на сопствената територија и граѓани . Таа воочи средбата со Олмерт јасно стави до знаење дека не се залага за брз прекин на огнот и дека останува заедничкиот став на двете држави дека вината за разгорувањето на кризата на Блискиот Исток ја сноси радикалната шиитска милиција Хезболах .

Израелскиот премиер пак потенцираше дека е одлучен да продолжи со офанзивата против Хезболах .

„Ние го користиме нашето елементарно право за самоодбрана против терористичките организации на северот и на југот и мораме и натаму да се бориме. Но како што знаете не се бориме против либанската влада ниту против либанското цивилно население“.

Американската министерка Рајс во Ерусалим уште еднаш ја истакна заложбата за одржливо примирје , кое меѓутоа ,како што рече би се остварило само под два услова: разоружување на Хезболах и преземање на контролата врз јужен Либан од страна на регуларната либанска армија.

Во Израел и натаму со сигурност сметаат на подршката на САД за воената пресметка со Хезболах . Примирје засега не се наоѓа на дневниот ред – изјави министерот зво израелската влада Хаим Рамон :

„Дипломатските контакти за за денот по примирјето . А од такво нешто сме прилично оддалечени. Сеуште ја немаме остварено нашата главна цел , да го поттиснеме Хезболах доволно далеку , за да не може повеќе да го напаѓа Израел “

Но Израел во меѓувреме значително ги намали воените цели. На почетокот израелските политичари зборуваа дека се посакува целосно уништување на Хезболах , а сега се работи само за поттиснување на вооружените борци на Хезболах од нивните позиции во Јужен Либан . Веќе не се отфрла ниту опцијата за стационирање на меѓународни мировни трупи на либанско-израелската граница – изјави Ави Примор , советник на израелскиот министер за одбрана Амир Перец и поранешен израелски амбасадор во Германија. Примор објаснува:

„ Јасно е дека не можеме да го уништиме Хезболах и повеќе не настојуваме да го направиме тоа . Истотака знаеме дека доколку сакаме подрачјето на Јужен Либан да го ослободиме од присуство терористи , мораме тоа да го направиме самите или да го направи некој друг. Но тоа не миоже да биде либанската влада , која е премногу слаба и нејзината армија е полна со луѓе од Хезболах . Не смее да се заборави , дека Шиитите чинат 60 проценти од населението во Либан и затоа е потребни воено способни трупи, трупи кои нема да бидат полициски сили“ – истакнува Примор .