1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Враќање кон коцките

28 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeS9
Сте си играле со Лего-коцки или сте им ги купувале на децата? Знаете кој ги произведува и што се случува со фирмата што го поплави светот за да ја разбуди креативноста на најмалите? Народот вели пружи ги нозете колкава што ти е чергата. Е, данската фирма што ги произведува го напарви токму тоа и влезе во црвено салдо.

"Доволно беше играње" командува Јеспер Овесен, новиот силен човек на Лего, што е невообичаена порака за една во светски размери голема фирма за играчки. Кога бројот деца што си посакуваа лего- коцки за играње растеше, тогаш се беше во најдобар ред. Но, пораката на Овесен не е насочена кон потенцијалните купувачи, туку кон горните спратови на централата на фирмата во данското гратче Билунд. Таму, по катастрофалниот бизниз за време не Божик избувна голема криза: директорот Паул Плогман беше набркан, на неговото место седна лично сопственикот Кјелд Кристијансен. Порано кај лего црвени беа смо коцките од кои децата правеа покриви за своите куќички. Скоро половина век црвените салда во оваа фирма беа непозната работа, и дури пред пет години првиот помал дефицит ги запали сијаличките за тревога. Во 2000-дитата повторно беше лошо, а по две години заздравување, кога се чинеше дека промената кон подобро е сигурна, Лего во минатата година падна во амбис. Дефицит од скоро 190 милиони евра и намален процент на промет за скоро 25 насто е тешко да ги проголта и Кристијансен со неговиот вкупен имот од повеќе милијарди.

"Сакваме премногу во исто време", согледува сега Овесен, а Кристијансен, внук на основачот на фирмата нареди враќање кон испробаните вредности: "Ние заборавивме што е нашиот основен производ - коцките". Креативните игри што граничат со најсмелата фантазија, беа ознака за фирмата на што таа треба да и благодари на својата големина. Но, во еден момент "барбиките" и плејстејшните ги окупираа детските соби. Се повеќе млади се обесуваа пред компјутерите, а лего-коцките ги ставија во фиоките. Обидот да се привлечат децата со лего фигури управувани од компјутерите пропадна поради високите цени. Лиценцните договори за лего серии со Хари Потер или теми од војната на sвездите само краткорочно обезбедија големи приходи. "Нашата стратегија беше обратна" признава Кристијансен. "Мораме да се концентрираме врз нашите коцки кои се уште не се застарени". Меѓутоа и враќањето кон класичните лего-коцки е ризично како стратегија, сметаат експертите. "Лего не може самиот да ги оттргне децата од телевизорите и компјутерите", вели познатиот "Доктор играчка" од САД Стеване Ауербах. Зашто ако веќе станува збор за коцки од тврда пластика, тогаш зошто мораат да бидат од Лего кои се двојно поскапи од оние на конкуренцијата? Кај аналитичарите е спорно и тоа дали Кристијансен е вистинскиот човек да го спаси својот концерн кој вработубва 8 илјади луѓе и го храни целиот регион околу Билунд. Финансискиот шеф Овесен стана славен како санатор во финансиската бранша. Но, што разбира тој од играчки?