1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Јемен се‘ понестабилно

6 јуни 2011

Со заминувањето на јеменскиот претседател Али Абдула Салех во Саудиска Арабија, каде му се пружа медицинска помош по повредата од шрапнел, ситуацијата во земјата стана уште понестабилна.

https://p.dw.com/p/11VBr
Народот му се радува на заминувањето на претседателот Салех од земјатаФотографија: AP

При гранатирањето на една џамија минатиот петок, претседателот Али Абдула Салих доби повреди на градниот кош, по што под итно замина на лекување во Саудиска Арабија, заедно со голем дел од семејството. Портпарол на владата порача:

„Претседателот е здрав, тој е на испитувања во Саудиска Арабија и ќе се врати што е можно побрзо. Уставните институции се и натаму тука, армијата работи стабилно, партијата на власт исто така. Наводниот колапс на државата е само сон на опозицијата!“

„Поделена реалност“

Jemen Opposition Demonstration Saleh
Фотографија: AP

На улиците во главниот град ситуацијата изгледа поинаку:

Граѓаните му се радуваат на заминувањето на претседателот Салех и го сметаат за конечно. Тие извикуваат: „Народот го урна режимот!“.

Еден од активистите на опозицијата тврди дека Салех нема повеќе да се врати:

„Револуционерите сметаат дека заминувањето на Салех е неповратно. Тоа е виза за излез во една насока!“

Преодна влада

Младите демонстранти, кои веќе со недели демонстрираат против владеењето на Салех, бараат нова влада:

„Бараме создавање Преоден совет. Веќе три недели разговараме за тоа со опозицијата и другите партии. Она што во секој случај го отфрламе, тоа е заменик-претседателот да ја преземе власта, како што е предвидено со уставот!“

Младите демонстранти бараат Преодниот совет да ги обедини сите политчки сили во земјата, да изготви нов устав и да создаде техничка влада, која ќе ја води земјата во преодниот период до свикувањето демократски избори во Јемен.

Автор: Јирген Стријак/дпа/Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска