1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Турција попомирливи тонови кон папата

Исмет Кочан29 ноември 2006

Ова се должи пред се на изјавите што тој ги даде најпрво при неговата куса средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан на анкарскиот аеродром,дека„местото на Турција и е во ЕУ и подоцна при средбата со претседателот на турската управа за верски работи д-р Али Бардакоглу дека исламот е религија на мирот.

https://p.dw.com/p/AdvU
Фотографија: AP

По вчерашната безгласна и би се рекло прилично студена церемонија на дочек на папата во претседателската резиденција,со која домаќините сакаа да ја покажат својата резервираност кон високиот гостин од Ватикан,синоќа во продолжение на неговата посета настапи видно затоплување во неговите односи со Анкара.

Ова се должи пред се на изјавите што тој ги даде најпрво при неговата куса средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан на анкарскиот аеродром,дека„местото на Турција и е во ЕУ и подоцна при средбата со претседателот на турската управа за верски работи д-р Али Бардакоглу дека исламот е религија на мирот.Овие две изјави,особено првата која отскокнува од мислењето на кардиналот Рацингер,искажано при неговата инаугурација за нов поглавар на Римокатоличката црква,беа доволни да спласнат тензиите,што е видливо од насловите во денешните турски весници и електронските медиуми.Така влијателниот турски дневник „Хуриет“ со насловот „Започна убаво“ дава акцент дека папата му упатил порака на светот дека исламот е религија на мирот.Тиражниот „Сабах “забележува дека папата при стапнувањето на турска почва и при посетата на мавзолејот на Ататурк покажал специфично почитување и го имал скриено крстот под манитијата а конзервативниот „Туркие“ дека премиерот Ердоган наспроти обврските во Рига нашол време да го пречека папата на аеродромот во Анкара.Наспроти неподеленото задоволство на официјалните претставници во Анкара и турската јавност од пораките на папата за дијалог со исламскиот свет и подршката за турско членство во ЕУ,допрва следи најкритичниот дел од посетата на Бенедикт 16 на Турција.Папата денеска е во Измир каде во Ефес ја посетува куќата во која некогаш живеела Света Марија,а вечер треба да допатува во Истанбул каде два дена ќе биде на гости кај цариградскиот патријарх Вартоломеј со кого ќе учествува во прославата на заедничкиот светител Свети Андреја.Стравот на официјална Анкара лежи во фактот што папата среде Истанбул може да го ослови патријархот Вартоломеј како екумен на целиот православен свет,што е спротивно на тезата на Анкара дека тој е само лидер на една турска црковна институција и претставник на триилјадно грчко малцинство во Турција.