1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Тузла и Сараево запалени зградите на кантоналните влади

ЕМФ/фена/аџб/дв7 февруари 2014

Ескалација на протестите во Сараево и Тузла - запалени се зградите на кантоналните влади. Противпожарните единици во Тузла го гаснат пожарот, додека во Сараево полицијата не презема ништо и се обидува ја смири толпата.

https://p.dw.com/p/1B4sa
Фотографија: klix.ba

Зградата на кантоналната влада во Сараево е обвиткана со чад, а чад излегува и од искршените прозорци на објектот. Околните објекти се исто така со искршени стакла, а полицијата не може да ја смири масата собрана пред зградата на владата. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон Ирфан Нефиќ изјави дека мнозинството од граѓаните дошло на мирни протести, но одредени групи, поединци и хулигани, го изразуваат својот став така што ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња.

Во меѓувреме, пожарникарите во Тузла го гаснат пожарот во зградата на кантоналната влада. Новинарските екипи на лице место добиле неофицијални информации дека е можно во зградата, која е во пламен, да има уште неколкумина демонстранти кои претходно влегле во објектот.

Протести и во други градови на БиХ

Протестите се шират и во други градови на Босна и Херцеговина. Околу 2 илјади луѓе во Брчко фрлаа јајца врз зградата на Владата извикувајќи „крадци“.

Повеќе стотици граѓани протестираат и во Травник, а граѓаните се собраа и во Бихаќ и Зеница, каде демонстрантите се судрија со полицијата. Врз зградата на Зеничко-добојскиот кантон се фрлани шишиња и камења, а во судирите е повреден еден полицаец.