1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во стан во Минхен откриени 1.500 дела на врвни уметници

ЕМФ/ард3 ноември 2013

Баварските царински иследници откриле големо уметничко богатство, сокриено со децении во стан во Минхен. Меѓу откриените има и дела на Пикасо, Матис, Шагал...

https://p.dw.com/p/1AAso
Пабло Пикасо позира во своето студио во Париз (архива)Фотографија: Getty Images/AFP

Во станот на жител на Минхен, според Баварското радио, запленети се околу 1.500 уметнички дела. Меѓу нив има дела на Пабло Пикасо, Анри Матис, Марк Шагал, Емил Нолде, Франц Марк, Макс Бекман и Макс Либерман. Запленетите слики сега се наоѓаат во високо обезбедуван тракт на објектот на баварската царина во Гархинг, кај Минхен.

Делата во времето на националсоцијализмот биле во сопственост на еврејски колекционери. Тие биле ограбени од страна на нацистите или конфискувани поради тоа што добиле класификација на „дегенерична уметност“, наведува магазинот „Фокус“. Обвинителството во Аугсбург се‘ уште не дава потврда на информацијата на „Фокус“. Магазинот тврди дека иследниците направиле претрес на станот уште во текот на пролетта 2011 година. Сопственикот на станот им паднал в очи неколку месеци претходно, за време на контрола на кеш-парични износи во текот на патување со воз од Швајцарија кон Минхен.

„Фокус“ тврди дека таткото на 80-годишниот жител на Минхен, кој бил трговец со уметнички дела, ги купил сликите во 1930-тите и 1940-тите. Тие потоа биле чувани повеќе од 50 години во стан во Минхен кој му припаѓал на синот, во затемнети простории. Синот во текот на изминатите децении продал дел од сликите и живеел од тие пари.

Магазинот „Фокус“ наведува дека сега обивнителството води истрага поради затајување данок. Човекот, како што се тврди, не пружал отпор при претресот на станот и транспортот на сликите до објектото на царината.