1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Собранието во Скопје расправаат за евроинтеграциите на Македонија

Александар Чомовски 16 јануари 2008

Во Скопје - парламентарна дебата посветена на процесите на евроинтеграцијата на Македонија и приоритетите на Словенија во првите шест месеци од годинава, кога претседава со ЕУ.

https://p.dw.com/p/CqmU
Скопје - ПарламентФотографија: picture-alliance/ dpa

Ако се суди по денешната парламентарна дебата не се знае кој повеќе крадел, кој повеќе е корумпиран или ја злоупотребува функцијата, оваа или предходните влади, министри или директори. Дебатата за новите прописи против копрупцијата, пратениците и денеска ја претворија во вистинска расправија. Сепак законот за антикорупција е еден од 18 те приоритети на Македонија со амблемот на ЕУ, што сепозабрзано се прифаќаат од почетокот на годината.

Франција ги охрабрува напорот, реформите и модернизацијата на Маекедонија и ја подржува нејзината евро – перспектива ова го кажа Бернар Валеро, амбасадорот на Франција во Македонија. Во мандатот на претседавање на Франција со ЕУ, Македонија може да очекува датум за преговори. Имено надежите се свртени кон потворената политика на Париз кон приемот на нови членки на Унијата, иако во првите шест месеци од годинава, Словенија го промовира Западен Балкан како свој надворешно политички приоритет.

Дипломатите од ЕУ тројката во Скопје, Бергант, Фуере и Валеро денеска ја слушнаа полемиката меѓу власта и опозицијата, кој е виновен што е изгубено темпото во реформите откако во 2005 година, Македонија доби кандидатски статус.