1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Сирија употребени гас-бомби?

АТ/афп/миа25 декември 2012

Опозицијата во Сирија се жали на употреба на хемиско оружје од страна на владините војници. Турција најави испраќање на нова хуманитарна помош за Сирија.

https://p.dw.com/p/178ho
Фотографија: AP

Активистите за човекови права ги обвинија владините трупи во Сирија дека во борбата со бунтовниците употребиле бомби со смртоносен гас. Според информации на опозиционерите, во централно сирискиот град Хомс загинале шестмина бунтовници, откако вдишале безмирисен гас и бел чад. Овој гас се проширил, откако владините војници во уличните борби употребиле експлозивни направи. Од меѓународната заедница се бара да испрати експерти за да им помогнат на повредените и да напишат извештај. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди сириското раководство дека употребата на хемиско оружје би било „политичко самоубиство“.

Турција најави нова хуманитарна помош

Турската влада во меѓувреме потпиша указ за испорака на приближно 37.000 тони лебно брашно за цивилното население во Сирија „од хуманитарни цели“.

„Сирија е исправена пред хуманитарна трагедија. Ние сакаме да испратиме 37.000 тони лебно брашно за подмирување на итните потреби на цивилното население. За оваа цел владата потпиша соодветен указ“, подвлече Булент Аранч, вицепремиер и официјален владин портпарол на прес-конференција во Анкара. Тој ги осуди дејствијата на сирискиот режим, кои „за жал му пречат на доделувањето на хуманитарната помош на цивилното население“ во земјата.

Турција ги прекина дипломатските односи со Сирија и на своја територија прифати приближно 145.000 сириски бегалци.