1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Сирија веќе има 2.000 загинати?

11 август 2011

Членовите на Советот за безбедност добиле „загрижувачки“ информации за насилствата во Сирија во кои се вели дека во антивладините демонстрации се убиени 2.000 луѓе и околу 3.000 се исчезнати.

https://p.dw.com/p/12EsB
Тенкови на сириската армија во градот Деир ел ЗурФотографија: dapd

Бројката на приведени е 13.000, а десетици илјади ги напуштиле своите домови. Претставници на Велика Британија, Франција, Германија и Португалија соопштија дека сириската Влада не го прифатила повикот на ОН за запирање на воените акции и за почнување демократски реформи.


Сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари ги оквалификува како „неточни“ информациите на медиумите за ситуацијата во неговата држава. Тој ги спореди демонстрациите во Сирија со оние во Лондон и други британски градови.

Од почетокот на протестите во Сирија, новинарите немаат пристап во земјата и независна потврда на случувањата во земјата и на вестите за загинати и повредени е практично невозможна.

Автор: БГ/ СН/ миа

Редактор: Александра Трајковска