1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Сеул-воздражана радост за ослободените заложнички

14 август 2007

По 26 дена заложништво Талибанците вчера ослободија две жени од вкупно 21 грабнати Јужнокорејци

https://p.dw.com/p/BUQP
Фотографија: AP

Јужна Кореја на ослободувањето на двете жени во Авганситанн реагираше со воздржана радост.Владее олеснување, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул, но киднаперите треба да ги пуштат сите заробени Јужнокорејци.Претседателот Ро Му-хун изрази жалење што продолжува заложништвоот на останатите 19 луѓе.И натаму ќе бидат правени напори тие да се вратат во татковината,изјави тој.

32 годишната Ким Гина и 37 годишната Ким Куунг Ја беа ослободени вчера по 26 дена заложништво.Тие носеа шамии и плачеа кога беа предадени на Меѓународниот Црвен крст во провинцијата Гасни.Во моментов се наоѓаат на медицински испитувања во јужнокорејскиот логор на воениот аеродром во близина на Кабул.Двете жени се болни,но можат самите да одат.

Роднините на ослободените во Сеул и се заблагодарија на владата.Братот на едната изрази надеж дека наскоро ќе бидат ослободени и останатите заложници.Портпарол на Талибанците во Авганистан пак соопшти дека двете жени се пуштени во знак на добри односи кон корејскиот народ и желбата на Талибанците.Така решил Советот на Талибанците.НО,другите киднапирани нема да бидат ослободени без исполнување на условите.Кореја треба да го зголеми притисокот врз владата во Кабул и врз Вашингтон за исполнување на барањата на Талибанците.

Грабнувачите бараат размена на Јужнокорејците со најмалку осум затворени Талибанци.Но,авганистанските власти потврдија дека нема да го сменат својот став ,нема ослободување Талибанци.

Во меѓувреме и натаму останува неизвесна судбината на грабнатиот германски инженер Рудолф Б.Здравствено,тој е во лоша состојба,како што објасни 62 годишниот вчера во телефонски разговор со арапската телевизија Ал Џазира.

Германскиот експерт за Авганистан Томас Рутинг од фондацијата за наука и политика за телевизијата ЦДФ смета:

„Мислам дека ќе биде зголемен притисокот за забрзување на преговорите и нивно скоро завршување.Може да се претпостави дека Талибанците полека стануваат нестрпливи и веројатно сакаат да ја окончаат оваа работа.“

Кризниот штаб од Берлин не дава детали за текот на преговорите,но истакнува дека ги продолжува со сета сила.