1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во светот 775 милиони неписмени

БГ/миа7 септември 2012

Во извештајот објавен по повод Денот на писменоста 8. септември, УНЕСКО предупредува дека вооружените судири се една од главните причини за неписменоста.

https://p.dw.com/p/164zz
Фотографија: picture-alliance/dpa/Themendienst

Во светот има околу 775 милиони неписмени кои не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат, предупредува УНЕСКО.

Според овие податоци скоро две-третини од неписмените се жени. Поголем број живеат во Јужна и Источна Аизја, како и во Африка.

Една од главните причини за големиот број неписмени УНЕСКО гледа во вооружените судири, се наведува во извештајот објавен по повод Денот на писменоста 8. септември. Војната принудува парите да се издвојуваат за одбрана, наместо за образование.

- Судирите, исто така, го намалуваат економскиот раст, доведуваат до ширење на сиромаштијата и ја уништува инфраструктурата, се наведува во извештајот на УНЕСКО.