1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во самоубиствен напад во Ирак загинаа најмалку 25 полицајци

29 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxjZ

Бомбаш-самоубиец се разнесе себеси утринава пред една полициска станица во ирачкиот град Бакуба, убивајќи притоа најмалку 25 полицајци. Повеќе од 15 лица се повредени во нападот- соопштија локалните власти. Полицајците, инаку, во моментот на нападот, чекале пред влезот во станицата, каде што изведувале секојдневна обука . Бакуба се наоѓа на околу 60 километри североисточно од главниот град Багдад.