Во Рио договор уште пред почеток на самитот
20 јуни 2012Се очекува шефовите на држави и влади од околу 100 земји да не отстапуваат од текстот на завршната декларација кој е веќе договорен. Таканаречениот самит „Рио+20“ се декларира за „зелено стопанисување“. Дали за да се исполни таа цел се потребни нови закони, или целта ќе се остварува доброволно и со пазарни поттикнувања, секоја земја може да одлучи за себе. Заштитниците на животната средина се незадоволни од постигнатиот копромис и нагласуваат дека тој е минимален и нема да донесе напредок.
Конференцијата во Рио е основана со цел да се обединат лидерите на земјите и да дефинираат прашања на одржлив развој кои ќе водат кон иднина во која населението во светот ќе има пристоен животен стандард, притоа чувајќи ги еко-системите и природните ресурси. Во текот на овој самит на ОН, во Рио ќе се одржува и „Самит на народите“, односно иницијатива на околу 200 еколошки организации и општествени движења од цел свет.