1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во потрага по квалитет и сопствена марка

24 август 2005

Градот Венжу долго време важеше како капиталистичка авангарда во Кина. Уште кон крајот на 70-сеттите години се појавија првите приватни фирми во форма на мали домашни претпријатија. Оттогаш градот живее од ефтиното производство на стока за широка потрошувачка како запалки или чевли. Економските експерти оваа успешна приказна на гардот ја нарекоа „Венжу – модел„. Во меѓувреме се појави проблем: прозиводи

https://p.dw.com/p/AeOB

те по кои беше познат на други места се правата уште поефтино, па се поставува прашањето дали тој модел е исцрпен:

Млади Кинезинки во сино-жолти работни униформи стиснати една до друга во огромната хала наведнати над машините за шиење. Шест дена неделно овде се произведуваат машки костуми и вратоврски.

Кога Пекинг кон крајот на 70-сеттите години ги разлабави идеолошките стеги и дозволи постепена приватизација градот ја искористи својата шанса. Десетици илјади семејства позајмуваа пари од пријатели и роднини и се определија за производи што беа едноставни за продукција: на почетокот копчиња и патенти, подоцна батерии, запалки, чевли и облека. На тој начин не беше освоен само домашниот пазар, туку и светот, вели Ксие Хао, заменик партиски секретар во Венжу:

„Во секторот на високата технологија Венжу без поддршка на државата немаше никаква шанса. Затоа ориентацијата беше поинаква и беше изградена скоро комплетна производна палета во текстилната и кожарската индустрија. Во меѓувреме ни успеа да освоиме и голем дел на светкиот пазар. 80 насто од сите запалки во светот потекнуваат од Венжу„.

Градот со своите 7 ипол милиони жители во целиот свет стана синоним за приватништвото. Според проценките на Кинеската банка, сите жители задно имаат повеќе од 30 милијради евра. Со тој износ Венжу, по слободната економска зона Шенжен е најбогатиот град во земјата.

Пред зградата на фирмата Сундиал е пракиран сосема нов бел автомобил - БМВ. 36-годишниот Чао Мингсуан за него платил 48 илјади евра. Неговата фирма произведува чевли по налог на странски фирми. Од 7 наутро до навечер во 9 овде дневно се произведуваат 7 илјади чифта чевли. Вработените од кои повеќето се помлади од 20 години, заработуваат околу 100 евра месечно. Во минатата година фирмата направи промет од 10 милиони долари. За оваа година се очекува пораст од 30 насто, зашто со укинувањето на увозните стапки на Европската унија ќе можат да се произведуваат и кожни чевли. Меѓутоа Чао пролетоска се соочи со нов проблем. По пролетните празници, 20 насто од неговите работници не се вратија:

„Мислам дека недостигот на работна сила за нашиот пристанишен град ќе станува се поголем проблем, не само за чевларската индустрија, туку и за другите бранши. Повеќето работници доаѓаат однадвор. Но, сега се развиваат и регионите во внатрешноста, расте и животниот стандард. Се повеќе фирми одовде се селат во внатрешноста. Луѓето веќе немаат проблем да најдат работа таму каде што живеат. Ако еден работник кај нас заработува илјада јуани, а таму 600, тогаш ќе остане дома зашто таму потребите му се помали„.

Целиот свет денес добива чевли во Кина. Два милиона Кинези во минатата година произведоа 7 милијарди чифта чевли, односно 60 насто од вкупното производство во светот. За дампинг или субвенции не се разговара. Ним им останува само платата, вели Жу Јимиао, заменик шеф на фирмата Кангнаи, вториот по големина производител на чевли во Венжу:

„Можам да кажам дека со оглед на никсите цени во извозот, заработуваме како никогаш досега. Зошто и покрај се продолжуваме? Мораме да се поставиме кон се пожестоката конкуренција во светот„.

Кангаи произведува за „Бата„, „Лојд„ и „Пјер Карден„. Чифт најфини кожни чевли фирмата го предава натаму на налогодавачот за 40 долари. Во Соединетите Американски Држави таквите чевли најчесто се продаваат за 240 долари. Тоа е можно поради фактот што не се почитуваат меѓунардоните стандарди за заштита на работниците. Најголемиот број млади Кинези што работот во Ванжу не заработуваат повеќе од 50 евра месечно, патем ризикувајќи го здравјето. Многумина заболуваат од отровните испарувања на лепакот и лакот, или се повредуваат на машините.

Во Венжу се трага по излез од ќорсокакот на ефтиното производство. Со помош на странски партнери некои фирми се обидуваат да обезбедот развоен скок. Станува збор за квалификациите на работниците, за сопствен дизајн и подобар квалитет. Тие знаат дека тоа е единствената шанса да преживеат, вели 30-годишниот Чен Ксикијанг, кој во градот организираше меѓународен саем на чевли:

„Две третини од фабриките за чевли во Венжу по пет години нема да постојат. Производителите на ефтини чевли се повеќе се префрлаат во внатрешноста. Во Венжу ќе останат само производителите на високо квалитетни чевли„.

Новата волшебна формула гласи: сопствена марка, пред западните производи, за кои средната класа е подготвена да плати, да ги поплават кинеските пазари.