1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во пензија (дури) со 69 години?

ЖА/дв/дпа/ртре17 март 2013

Работна група на Бундестагот, според информации во медиумите, се залага законската старосна граница за одење во пензија до 2060 година да биде повисока. Опозицијата најавува отпор.

https://p.dw.com/p/17zCs
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Финансискиот проблем на социјалното осигурување се‘ уште не е решен. Без опсежни мерки, како натамошно зголемување на старосната граница за одење во пензија, која мора да важи аналогно и за државните службеници, речиси е неможно ’закрпувањето на дупките’“, ова е цитат кој магазинот „Шпигел“ го објавува од предлогот на завршниот извештај на надлежната работна група „Развој, благосостојба, животен квалитет“.

Според неа, законската старосна граница до 2060 година треба да се зголеми на 69 години. Пасусот за старосната граница е ставен на инсистирање на мнозинството од владејачката коалиција, партиите на Унијата и Либералите. Социјалдемократите, Зелените и Партијата на левицата гласале против, известува магазинот.

Работната група освен тоа планира поголемо привлекување на татковците во згрижувањето на децата. Бидејќи расте процентот на работно ангажирање на жените, а потребата од згрижување на децата останува непроменета, неминовна е „промена во однесувањето на мажите“. Недостигот од целодневно сместување на децата е една од значајните пречки „на жените да им се понудат подобри професионални перспективи“, смета Работната група.

Стопанството е согласно

Неодамна реномираната фондација Бертелсман во една студија исто така препорача подигање на старосната граница за одење во пензија во Германија на 69 години до 2026 година. Слично произлегува и од студијата, објавена во декември од лоби групата „Иницијатива на новоото пазарно стопанство“, финансирана од стопанството, во која на раководна позиција е поранешниот сојузен министер за труд и стопанство Волфганг Клемент. За истото пледираа во 2011 година и т.н. еконосмки мудреци во студијата за потребите на германската влада, а таков предлог поднесе во 2009 година Бундесбанката.

Според сегашниот закон, старосната граница за одење во пензија се зголемува постепено од 65 години до 67 до 2029 година, и таа е еднаква и за мажите и за жените. Синдикатите се спротиставуваат и на ова зголемување.