1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во НАТО само со решен спор за името

ЖА/макфакс10 октомври 2013

За Македонија и натаму е отворена вратата во НАТО, но за да влезе треба прво да се реши спорот со името, на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порачал заменик генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбау.

https://p.dw.com/p/19xT2
Фотографија: MIA

Вратата на НАТО за Македонија останува отворена, но за да се помине прагот ќе треба да се реши спорот зо името, порачал Александер Вершбау, заменик генерален секретар на НАТО, на денешната средба (10.10.2013) со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која присуствувал и помошник генералниот секретар на НАТО, Тери Стаматопулос.

Средбата поминала во отворена атмосфера, при што соговорниците размениле мислења за евроатлантските перспективи на Македонија, при што Вершбау нагласил дека вратата на НАТО за Македонија останува отворена, но за да се помине прагот ќе треба да се реши спорот за името.

НАТО ги охрабрува локалните авторитети во Македонија да направат додатни напори кон постигнување на компромос за да се исполни ветувањето на НАТО од самитот во Букурешт од 2008 година.

Ахмети рекол дека без НАТО, немаше да има ниту Охридски договор, ниту мир и стабилност во Македонија и регионот.

„Наша проценка е дека страните во спорот се блиску до решение и дека во овие одлучувачки моменти е потребно да се вклучи трета страна, со нагласена улога на НАТО, во олеснувањето на дијалогот кон постигнување на компромисот“, рекол Ахмети.

Вершбау ја нагласил можноста за посета на Македонија од страна на Советот на НАТО, во кој членуваат сите 28 земји членки, при што би ја нагласиле потребата од превземање на одлуки од страна на локалните авторитети за да се помине прагот на отворената врата на НАТО при што истовремено охрабрил за што е можно поскоро решение на спорот.

Ахмети смета дека „за нас, НАТО е идеал и дека нема ниту една друга алтернатива за иднината на Македонија, но и на регионот затоа што на тој начин се зајакнуваат и меѓуетничките односи, меѓусоседските односи како и се создаваат услови за економски развој“.