1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во НАТО но не по секоја цена

Горан Момировски 21 мај 2008

Македонскиот претседател Црвенковски добил уверување од грчкиот премиер Караманлис дека Атина и натаму ќе се залага за брзо решение на спорот со името. За Црвенковски неприфатливо е секое решение наметнато со сила.

https://p.dw.com/p/E3kp
Претседателот на Македонија Бранко ЦрвенковскиФотографија: Macedonian Information Agency

Не сакаме да влеземе во НАТО по секоја цена, им порача македонскиот претседател Бранко Црвенковски на балканските лидери кои присуствуваа на самитот посветен на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа што се оддржува во бугарскиот град Поморие.

Откако разговараше за потребата од потребата за брзо и разумно решение за спорото со името со грчкиот премиер Костас Караманлис и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, претседателот Црвенковски изнесе и јавна осуда за грчкото однесување на самитот на НАТО во Букурешт.

Неприфатливо е решение наметнато со сила

Според претседателот Бранко Црвенковски неприфатлива е секоја солуција што ќе биде наметната со сила и уцени, а обврската за добрососедски односи не важи само за Македонија како земја аспирант, туку и за Грција како најстар член во НАТО и ЕУ од регионот. Решение што ќе предизвика криза во Македонија ќе биде контрапродуктивно за земјата.

Таков влез во НАТО не и е потребен на Македонија, изјави претседателот „(Кога некој) поставува некои свои барања инсистира решението да ги задоволи тие барања. Тоа не е компромис, тоа не е фер решение. Таквото инсистирање ќе предизвика заради начинот на којшто тоа се прави сосема разбирливо поделби во Република Македонија, незадоволство, а тоа не е нашата цела. Ние како држава сакаме да станеме членка на НАТО Алијансата за да се стабилизираме, да обезбедиме развој. Ако цената којашто ќе ја платиме за да го оствариме тоа е внатрешната дестабилизација, тогаш таа цел не е постигната туку сосема нешто спротивно.“

Поблаг дипломатски настап на Караманлис

Инаку Караманлис кој и во Поморие се пофали дека се чувствува како Македонец, денеска имаше поблаг дипломатски настап при сепак не заборави да каже дека доколу северниот сосед не се прилагоди на грчките барања ќе остане надвор од НАТО и ЕУ. Тој упати внимателно одбрана порака дека решението за името треба да биде реално, да може да се спроведе на двете страни и истовремено да биде функционално. На брифингот на Караманлис на којшто вообичаено македонските медиуми немаа пристап тој изјави дека Грција нема намера да ја изолира Македонија од НАТО и ЕУ туку сака решение што ќе значи добитна ситуација за двете страни.

И покрај пријателските разговори што во неколку наврати се случија во последните два дена меѓу претседателот Црвенковски и премиерот Караманлис, тие во текот на фото сесијата избегнаа да си пружат рака.

Инаку единаесетиот самит на земјите од ЈИЕ заврши неславно откако српската делегација, незадоволна што бугарските домаќини му дадоа збор на шефот на косовокстат дипломатија Скендер Хисени, го напушти форумот.