1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во моментов има позитивна клима за Македонија

5 октомври 2005

Интервју со македонскиот премиер Владо Бучковски на конференцијата во Виена посветена на инвестициите во Македонија

https://p.dw.com/p/AcCG
Бучковски најавува дипломатска офанзива
Бучковски најавува дипломатска офанзиваФотографија: dpa

Господине Бучковски,денеска имавте можност пред истакнати стопанственици од Австрија да ги претставите можностите на Македонија,нејзините потреби од странски инвестиции и се разбира шансите што им се нудат на инвеститорите.Прво,колку сте задоволни од одгласот на она што денеска го претставивте?

Мислам дека ова беше исклучително добра презентација на Република Македонија,споредувајќи ја со последната слична ваква манифестација која ја организираше д-р Вајгел во Минхен,сметам дека е на тоа рамниште,и таму имавме заедно со баварската влада исклучително добра можноста да ја презентираме македонската економија,зашто сметаме дека Македонија во овој момент е бизнис дестинација која заслужува да се најде во сферата на интересот на бизнисмените на Австрија во конкретниов случај.Сметам дека заедно со министерот Поповски ,министерот Бесими и со директорот на Агенцијата за странски инвестиции направивме добра презентација и верувам дека овие стотина бизнисмени од Виена кои овде беа присутни,се задоволни од она што го понудивме.Мислам дека во овој момент оној кој ќе инвестира во Македонија,ќе направи добар бизнис затоа што во пресрет на статусот кандидат за член на ЕУ,во пресрет на покренатото членство за НАТО,Македонија добива на тежина,работите одат во посакуваниот правец.

Австрија како и германската сојузна покраина Баварија себеси се дефинира како мост од Европа кон европскиот југ,кон Балканот или југоистокот на Европа.Истовремено Македонија има огромни потреби од развој на своето стопанство,има ли конкретни навестувања освен ова што е на ниво на принципиелно претставување на работите,и ова за што слушнавме сега,продажбата на делови од Електростопанството,во други свери,за конкретни проекти кои би биле од особено значење сега во финишот на очекувањето Македонија да добие одговор од Брисел,а економската страна,односно заостанатоста во моментов е една од гоолемите пречки на тој пат?

Се зголеми интересот на големите австриски компании во последниве неколку месеци,не е тајна дека покрај долго најавуваниот влез на некои австриски банки се спомена Банката на Австрија како потенцијален купувач на некои од македонските банки,голем е интересот на австрискиот ШТРАБАГ кој е заинтересиран за добивање конецесија за изградба на преостанатата делница на автопатот ,Коридор десет,од Демир Капија до Смоквица и евентуално инволвираност во некои од делниците кои се дел од Коридорот осум.Тоа е она што во моментов го имаме конкретно,најавата на неколку австриски компании кои се дело од бизнис деловниот свет околу продажбата на трговскиот бизнис центар во Скопје.Тоа е во овој момент дефинитивно најсериозната понуда од австриските компании за инвестирање во Република Македонија.Дали и истиот форум кој исто така е спонзориран од Виенскиот форум кој ќе биде на почетокот на ноември,ќе даде дополнителни можности да презентираме и нови проекти,пред се од сверата на инфраструктурата,она што го имаме во делот на комуникациите и енергетиката и да бидеме уште поатрактивни,можеби за делот од компаниите кои гравитираат и кои се присутни во Австрија,ќе покаже времето,но во секој случај мислам дека Австрија традиционално беше портата за сите балкански држави,сега имаме можност со нас со поагресивен настап ,со почесто присуство и со презентирање на можностите на македонската економија преку Австрија да привлекуваме и други имиња од бизнисот од цела западна Европа.

Австрија е идниот претседавач со ЕУ,Британија е актуелниот.Вие во Австрија дојдовте,така да се рече,непосредно по посетата на Велика Британија.Покрај овие економски разговори,дозволете ми да ве запрашам,каква е политичката поддршка на самитот на земјите на ЕУ кога ќе се решава за барањето на Македонија за приемот за членство,односно да добие статус на кандидат?

Мојата последна средба со канцеларот Шисел беше на 3 август,минатата недела при посетата на Австрија претседателот Црвенковски исто така имаше средба и со австрискиот претседател и со австрискиот канцелар,на која беше изразена подготвеноста Австрија за време на своето претседателствување да посвети сериозно внимание на државите од регионот,посебно тука како што се покажа и во случајот со Хрватска,несомнено дека може да се смета со Австрија како традиционален пријател.Не може ние да претендираме и да бидеме нескромни дека Австријците ќе застанат онака зад нас како зад Хрватска,но сметам дека симпатиите кои ги имаат и традиционалното пријателство ни да ваат за право да побараме поддршка од нив во интенцијата која ја имаме ,а тоа е што е можно побрзо по евентуалното позитивно мислење да го добиеме и статусот кандидат за членство во ЕУ.

Уште кој потег би можела Македонија да го направи во овој финиш на трката,бидејќи за еден месец отприлика треба да се дознае ставот на Комисијата на ЕУ,потоа следи онаа главната средба –самитот на Унијата,кога дефинитивно ќе падне решението за Македонија,што уште може да се направи да се поправи впечатокот?

Генерално веќе сите не кријат дека мислењето ќе биде генерално позитивно.Тоа не е доволно,ние не седиме последниот месец,последните неколку недели со скрстени раце да чекаме што ќе кажат нашите пријатели од Брисел,туку продолжува нашата дипломатска офанзива.Идната недела Митрева е во Франција,по неа заминувам јас во Холандија,условно речено двете држави кои беа најскептични и кои го испровоцираа сето она што следеше како криза околу ратификувањето на европскиот устав и кои беа потенцирани од многу наши пријатели како најригидни држави од ЕУ кои се противат на понатамошното проширување.Ќе ги собереме тие информации,во меѓувреме на 12 октомври заминувам на средба со Оли Рен и со Хавиер Солана за уште еднаш да ги провериме и нивните последни информации и мислам дека оваа наша офанзива ќе кулминира,иако е надвор од европскиот континент,со посетата на САД,се покажа и со примерот на Турција деновиве дека е битна улогата на САД,така што ќе ги користиме сите можности,сите наши сопјузнициво овој момент не да и помагаат на Македонија и да и дадат нешто што не заслужува туку да се вреднува сето она што го направивме исклучително добро последните неколку години,да ние се даде можност и сметам дека во овој момент има позитивна клима околу Република Македонија.

Зоран Јордановски