1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во мисија на зближување

Zana Aceska4 ноември 2013
https://p.dw.com/p/1ABPe

Економската криза ја разнишува довербата во европската идеја за солидарна заедница. Но, и покрај кризата, младата генерација се идентификува со европската заедница на вредности. Секоја година бројни млади Германци се решаваат на престој во Југоисточна Европа и социјален, културен или цивилно-општествен ангажман. Тие се „неофицијални амбасадори“ на Германија, кои со својата лична мисија го поттикнуваат меѓусебното разбирање и дијалогот меѓу културите. Ние ги посетивме онаму каде се ангажираат - во центрите за млади со хендикеп, во мировните и младински иницијативи или дневни установи за социјално запуштени деца во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Република Молдавија и Косово.