1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Мексико се пребројуваат гласачките ливчиња

АТ/ дв/ епд5 јули 2012

Изборната комисија во Мексико започна со пребројување на повеќе од половината од гласачките ливчиња на претседателските и парламентарните избори. Двајцата кандидати со најмногу освоени гласови се обвинуваат за измама.

https://p.dw.com/p/15RSE
Фотографија: dapd

Во Мексико започна пребројување на околу 54 проценти од избирачките ливчиња на претседателските и парламентарните избори, поради обвинувања за изборна измама. Пребројувањето се врши на места каде изборниот резултат е речиси изедначен, односно во 143.000 изборни места во земјата. Никогаш досега во историјата на Мексико органите не се грижеле до тој степен за транспарентност, наласи раководителот на изборната комисија Едмундо Јаково.

Победникот на изборите Енрике Пена Њето ги отфрли обвинувањата за манипулација. Неговата партија Институционална револуција не купила гласови, изјави Пена Њето за Би Би Си. Тој го обвини неговиот противкандидат дека води валкана кампања. Со ова Пена Њето реагираше на обвинувањата од второпласираниот на изборите, кандидатот на Левицата, Андерс Мануел Лопез Обрадор, за изборна измама и целно купување на гласови.

Според првичните резултати кандидатот на партијата Институционална револуција Ентрике Пена Њето е победник на изборите со освоени 38 проценти гласови. Кандидатот на Левицата Андрес Мануел Лопез Обрадор освои 31,6 проценти.